Груевски: Заземањето на Ќустендил во 1922 година од ВМРО, во акцијата предводена од Тодор Александров и Панчо Михајлов – Чавдар!

Во историјата на македонската револуционерна борба за слобода периодот од 4 и 5 декември 1922 година е значаен по привременото завземање на Ќустендил од силите на Внатрешната Македонска Револуционерна Организација, акција предвидена во прв ред од легендарниот војвода, македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, публицист, книжевник, поет, еден од најзначајните интелектуалци во ВМРО на Тодор Александров – Панчо Михајлов-Чавдар.
Ова гоп истакнува поранешниот премиер на Република Македонија, Никола Груевски во објавата на Фејсбук, која во продолжение ја објавуваме во целост:
Панчо Михајлов Чавдар е штипјанец, роден во 1891 година, кој на Организацијата активно се приклучил во 1921 година, одкако претходно бил учесник во првата светска војна како командант на чета во бугарската армија, всушност како што направиле и најголем дел од Македонците особено припадниците на ВМРО кои поверувале дека тоа е патот до остварување на нивната цел автономна и независна Македонија во нејзините геогравски и етнички граници. По поразот на Бугарија во првата светска војна, Тодор Александров успеал да ја возобнови ВМРО и да ја продолжи нејзината борба за ослободување на Македонија.
По првата балканска војна во 1912 година и повлекувањето на Османлиската држава која до тој момент цели 20 години била легитимна цел на ВМРО, со обзир дека не се остварила целта и со Букурешкиот договор Македонија била поделена, српските власти во Краслството СХС на територијата на вардарска Македонија и грчките власти и нивните андардски чети на територијата на егејска Македонија станале нова легитимна цел на Органзиацијата.
Со бугарските власти ситуацијата е променлива но постојано тензична, и зависно која власт ја толерирала или непријателски се однесувала кон ВМРО, кија во пиринска Македонија била еден вид држава во држава и ја користиле како засолниште по извршување на акциите на четите во внатрешноста, како што се нарекувала територијата на вардарска и егејска Македонија.
Една од владите која во голема мерка ги влошила односите со ВМРО сакајки да изгради поблиски врски со Кралството СХС била владата предводена од земјоделската партија на Александар Стамболиски која нанела жестоки удари на ВМРО, но и ВМРО жестоко возвратиле со ликвидација на два министри за внатрешни работи на Бугарија и со свирепо убиство на самиот премиер Станболиски и неговиот брат.
Настаните во Ќустендил на 4 и 5 декември 1922 година се случуваат во атмосфера на многу затегнати односи помеѓу ВМРО и бугарската влада, кога веќе министерот за внатрешни работи на Бугарија Александар Димитров на 22 Октомври 1922 година е ликвидиран од заседа кога со возило поминувал на пруга на пат каде вообичаено мора да се подзастане со возилото, и тоа било убиство кое може да се вброи во свирепи убиства односно атентати затоа што по усмртувањето на министерот му го исекле со нож гркланот за да влеат страв кај противникот. Токму таа ликвидација ја извршиле дел од главните актери предводници во Ќустендилските настани, односно Иван Јанев Брло со неговите приврзаници кого веќе во тоа време властите го ословувале со фразата “убиецот на Димитров”. На еден состанок на раководството на ВМРО во Ќустендил на 2 август 1921 година на бугарскиот премиер Александар Стамболиски и Александар Димитров им биле изречени смртни пресуди. Дури Димитров на една од последните седници на владата ладнокрвно изјавил дека бил осуден на смрт и дека скоро ќе бил убиен.
Тоа се војводи на Тодор Александров и работеле под негова команда. Панчо Михајлов Чавдар, важел за омилен војвода на Тодор Александров и негов најблизок и најдоверлив од редот на војводите.
Многумина историографи сметаат дека тој требало да биде природен наследник на Тодор Александров, наместо Ванчо Михајлов, но не само што не се случило тоа, туку тој според Шандаров е ликвидиран по нарачка на Ванчо Михајлов.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео+Документи) Дали има нов скандал во министерството…
Потпретседателот на СДСМ Методија Илиевски, денеска на…
(Видео) Фатен жив… Бране од опозиција бараше…
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски влезе во…
Марин Ле Пен прогласена за виновна за…
Марин Ле Пен, лидерката на француската екстремна…
Гостиварец летал со 173 километри на час…
Полицијата вчера во 14:55 часот на автопатот…
Зеленски не прифаќа никаков документ за минерали…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина…