Груевски за Делчев: Гоце Делчев беше божествено олицетворение на учесниците во ВМРО!

t

Четири кратки извадоци од писма поврзани Гоце Делчев (1874-1903) по повод денот на неговото раѓање, 4. Февруари.
Две негови и две на други лица кои го отсликуваат неговиот лик. Во четвртото писмо од Никола Карев до Гоце Делчев, самиот факт што Карев му пишува така отворено за владата на Бугарија укажува дека пишува на сигурен истомисленик, што го потврдуваат и претходните три извадоци од писма.

1.Првиот текст е извадок од писмо напишано во 1895 година и испратено од Гоце Делчев до Ефрем Каранов(1852-1927) родум од Кратово, кој бил припадник на Македонски комитет во Софија но потоа по смртта на нивниот водач Трајко Китанчев на 1 август 1895 година, се приближува до МРО и до Гоце Делчев.

Писмото се однесува на Александар Чакаров од Штип , македонски деец со авантуристички дух и бил еден од првите револуционерни дејци во Скопскиот револуционерен округ. Тој влегол во Македонскиот комитет основан во 1895 година. Есента 1895 година Чакаров со чета влегол во Виничко со намера да крене востание. Претседателот на виничкиот комитет на ВМОРО Георги Иванов стапил во контакт со Гоце Делчев и по негова наредба на Чакаров, но и со отпорот на месните комитети истиот е одвратен.

Писмото покажува дека од самиот почеток Гоце Делчев има темелен пристап кон организирањето на востание, кое посакувал да биде добро организирано со претходна долга и темелна подготовка и будење на народот, со огромна масовност и со него да се реши прашањето за ослободување на Македонија, а не со неподготвени обиди и неуспешни востанија. Тој исто така укажува дека Македонија треба да ја ослободи Македонецот, заради што тие зборови ги напишав со големи букви. Цитат:

„Пред неколку недели г. Чакаров се јавил со офицерска униформа во Виница со намера да прогласи внатрешно востание! Благородна намера! Нема поспасоносен лек од оној со кој се зафатил Чакаров. Ослободувањето на МАКЕДОНИЈА лежи во внатрешното востание. Оној што мисли дека Македонија ќе се ослободи поинаку, тој се лаже и себеси и другите. Но кои се тие што ќе се кренат сега на востание? Чакаров ли? Ако востание може да се подигне со 140 души, МАКЕДОНИЈА одамна ќе беше ослободена државичка; бидејќи тоа е невозможно, ами треба народ за тоа, што треба да се прави? Треба тој народ да се разбуди од петвековниот длабок сон кој го направил МАКЕДОНЕЦОТ доста дебел во свеста за човечките правдини…”.

Документи за борбата…, цит, дело: 324-328; (Сборник Илинден 1903-1926: 15-20). 2004 Македонија во странскиот печат. ДАРМ. Скопје: 12-13; Меркјури, Х. Македонски злокоб ности. 25 септември 1895: 2.

2.Вториот извадок е од спомените на Никола Петров Русински (1875-1943), македонски војвода и револуционер, од Русиново, Малешевско, близок соработник на Гоце Делчев. Тој уште еднаш доловувајки го многу високиот авторитет на Делчев во тоа време и лидерска дарба, повторно раскажува дека Гоце Делчев говорел дека само Македонците со самостојна борба може да ја донесат слободата на Македонија:

„Гоце Делчев беше божествено олицетворение на учесниците во ВМРО. Него природата го беше создала само за водач на едно револуционерно движење како што беше МАКЕДОНСКОТО во неговото време. Нашиот велик апостол Гоце рече: Слободата на МАКЕДОНИЈА ќе изгрее од самостојната борба на Македонците.”

3 Третиот извадок е уште еден цитат на Делчев од 1901 година поврзан со неговата увереност дека услов за успех е дека не треба да се земаат пари од бугарската влада бидејќи тоа ќе создаде обврски и ангажман кон нив.
„Тоа не може, тоа никогаш нема да биде!… Да ја чуваме девственоста на ослободителното движење на Организацијата – тоа е првиот услов за нашиот успех! Еднаш земени пари од Владата, при денешните политички услови и атмосфера, значи даден ангажман, значи обврзување… Бугарската Влада, која има чисто завојувачки намери кон Македонија, штом ќе почне да дава пари, ќе знае како да ја искористи со таа помош создадената состојба внатре; таа нема да се задоволи со чисто платонски чувства, туку ќе сака реални обврзувања? Потврдувам, ударот ќе биде страшен!”
Ризовь, Р. Страници… 6-7; Македонци, Милениумски сведоштва…Б.Светозаревиќ

4.Четвртиот извадок е од писмо од писмо од војводата Никола Карев до Гоце Делчев, во 1902 год. Ставовите на Никола Карев се така отворено и директно кажани, што несомнено тој знаел дека станува збор за истомисленик, што пак се гледа и од другите цитати погоре.

Во писмото од Никола Карев до Гоце Делчев, во кое го известува за тешката состојба во Битолско, го напишал и следново:

„Не треба да чекаме повеке Гоце. Време е веќе да стануваме и да се биеме, да не чекаме слобода ниту од Грците ниту од Бугарите, ами сами ние МАКЕДОНЦИТЕ да се бориме за наша МАКЕДОНИЈА, што ја засилува Организацијата меѓу селаните и да не се споменуваат тврдењата дека сите Македонци работеле за присоединување на Македонија кон Бугарија или Грција. Што се однесува до мене, никој не ќе може да ми ја одземе мојата храброст и мојот патриотизам. Драго ми е да ти соопштам дека сите наши момци се готови со пушка в рака да се бијат.

Документи за борбата…, том 1: 360. „Сами ние да се бориме за наша Македонија” (необјавено писмо на Никола Карев до Гоце Делчев). Нова Македонија, 7744, Скопје, 5.5.1968: 8.

Македонци, Милениумски сведоштва…Б.Светозаревиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…

Будење со звукот на сирените за воздушен…

Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…

Во центарот на Општина Градско, под плаштот…

Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…

(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…

ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…

УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…