Грција претера: Секој кој нема да прими трета доза ќе се смета за невакциниран

t

Грција не остава на случајноста и ги засилува мерките за заштита од коронавирусот, а како што пренесуваат темошните медиуми, боцкањето со трета доза од вакцината станува задолжително од следниот месец.

Министерот за здравство Танос Плеврис изјави дека, почнувајќи од 1 февруари, луѓето кои нема да примат трета доза нема да можат да пристапат до места кои се резервирани за вакцинирани, оти нивниот вакцинален сертификат ќе се смета за нецелосен.

– Сите оние луѓе кои нема да примат трета доза вакцина против коронавирусот, нема да можат да пристапат до местата резервирани за вакцинирани. Мерката ќе биде активирана на 1 февруари оваа година. Тоа значи дека сите оние кои не примиле дополнителна доза, а поминале седум месеци од претходната, ќе се сметаат за невакцинирани. Потврдата ќе биде валидна и понатаму затоа што се работи за европски сертификат кој важи девет месеци, но тие лица повеќе нема да можат да користат предности како пристап до затворени простори резервирани за вакцинирани лица – појасни министерот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Грчкиот премиер збесна откако Велика Британија ненадејно…

Атина изрази „навреденост“ од премиерот Риши Сунак…

Грците го прекинаа транспортот на руската нафта…

Група големи грчки бродски компании ги суспендираа…

Потона товарен брод со 14 членови на…

Товарен брод со 14 членови на екипажот…

Девет актуелни пратеници од СИРИЗА ја напуштија…

Групата од СИРИЗА предводена од кандидатката за…

„Славика либрис“ ја објави книгата „Нов живот.…

Издавачката куќа „Славика либрис“ од Скопје ја…