Грчева го подбра Османи: Македонците се писмени и знаат да читаат, еднинствени што лажат сте ти и Владата!

t

Претседателката на “Глас за Македонија”, Солза Грчева, го подбра минситерот за надворешни работи, Бујар Османи на Фејсбук.

Македонскиот народ е писмен и знае да чита, еднинствени што лажат сте ти и владата, напиша Грчева.

Во продолжение нејзината објава:

– “Бујар Османи тврди дека за преговорите со Бугарија се ширеле многу “лажни вести” диригирани од некои странски центри на моќ.

Е сега вака:

Прво, кажи ги како маж тие “центри” со име, бидејќи твојот центар на моќ сите го знаеме.

Второ, ако некој лаже во целиов процес, тоа е Владата и ти лично. До последна секунда криевте документи, лажете дека не преговарате за идентитет, историја и јазик. А за нив единствено преговарате, поточно раздавате тоа што не е ваше. Сигурно не преговарате за цената на пиперките.

Трето, кој воопшто ви верува после играта со Преспа каде лажевте дека нема ерга омнес, па нема уставни промени, па идентитетот бетон…

Не, Бујар. Македонскиот народ е писмен и знае да чита што сте му спакувале. Нему не му требаат “центри” како што ти треба тебе. Без твојот “центар” ќе бидеш обична нула. Ти и твоето криминогено преговарачко-продавачко трговско друштво!”, напиша Грчева.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Османи: Ние не одбројуваме денови, туку ЕУ

Доколку се има политичка волја, има доволна…

Османи утре во официјална посета на Република…

Министерот за надворешни работи на Република С.…

Османи во Украина: Тоа што го видов…

Во однос на работната посета во Украина,…

Средба на министерката за надворешни на Германија…

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, на…

Османи јавно да ги објави македонските одговори…

Пратеникот и претседател на собраниската Комисија за…