Грчката крајбрежна служба демантира дека оставила десетици мигранти да умрат во турските територијални води
Крајбрежната служба на Грција ја демантира турската крајбрежна служба во врска со инцидентот во близина на Мармарис, во територијалните води на Турција, во кој животот го загубија шест лица.
Грците тврдат дека немаат никаква вмешаност во насилното враќање на мигрантите.
Крајбрежната служба на Грција категорично го демантира соопштението на турската крајбрежна служба во врска со наводната вмешаност во наводен инцидент со насилно враќање мигранти што резултираше со смрт на шест мигранти во морската област на Мармарис, во рамките на турските територијални води – пишува во демантот.
Од турската крајбрежна служба соопштија дека „биле спасени 73 нелегални мигранти оставени да умрат од грчките крајбрежни власти и пронајдени шест тела“. Оттаму додадоа и дека спасиле 66 лица од три чамци, а останатите седум мигранти биле во морето и се држеле за чамец за спасување.
Турците објаснуваат дека спасените мигрантите изјавиле дека на 10 септември, со дрвен чамец долг 15 метри тргнале од Триполи за Италија и побарале помош од грчките власти откако останале без гориво во близина на островот Родос, по што биле префрлени на брод на грчката крајбрежна стража, им биле земени нивните вредни предмети, префрлени на четири чамци за спасување на локација блиску до турските територијални води и биле оставени таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Герасимов: Запрено е напредувањето на украинските сили…
Напредувањето на вооружените сили на Украина длабоко…
Рускиот опозициски активист: Украина е жртва на…
Рускиот опозициски активист Илја Јашин вели дека…
Во Брисел е нападнат амбасадорот на Азербејџан…
Амбасадорот на Азербејџан во НАТО и неговата…
Немаме сознанија, ќе го контактираме Киев –…
Соединетите Американски Држави планираат да ја контактираат…
Вечна им слава на ХЕРОИТЕ! 23 години…
И по 23 години од случувањата на…