Грчката полиција разоткри морбиден бизнис: Погребално добивало дојави од болница за пациенти пред смрт

Грчката полиција уапси вработен во болница и сопственик на погребално претпријатие од островско подрачје поради соработка во морбиден бизнис од кои тие профитирале.
Имено, вработениот во болница, злоупотребувајќи ја својата функција заедно со друг колега, го известувале сопственикот на погребалното кои пациенти се во тешка здравствена состојба и пред смрт, за што добивале парични средства.
Потоа, сопственикот на погребалното претпријатие, искористувајќи ги овие информации, ги презел погребните услуги, со што се стекнал со финансиска корист.
Лицата се осомничени за неколку кривични дела – поткуп, повреда на службена доверливост, злоупотреба на служба и слично.
Полициската истрага утврди дека вработените најмалку од крајот на август годинава, добивајќи пристап до електронското досие на лекарите од болницата, систематски му издавале доверливи медицински и лични податоци на сопственикот на погребалното претпријатие, кој, искористувајќи ги овие информации, ги презел погребните услуги, при што добил финансиска корист.
Уапсен е вработен во болницата и сопственикот на погребалниот салон. При претресите во домовите и деловни простории пронајдени и одземени се вкупно 18.240 евра во готовина, 3 мобилни телефони, како и документи и рачно напишани белешки.
Досега се утврдени 74 случаи на нарушување на службената доверливост, од кои 54 се однесуваат на пациенти кои починале, додека за 26 од нив погребот го презел приватниот погребален дом.
Уапсените со поднесениот предмет против нив се спроведени во надлежното обвинителство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Двајца осудени за 27 април побарале помилување
Дел од обвинетите за организирањето на упадот…
Касами со албанско знаме го пречека таткото…
Градоначалникот на Тетово Билал Касами Денес во…
Спасовски за говорот на претседателката Сиљановска-Давкова: „Не…
Пратеникот од СДСМ и поранешен министер за…
Мециновиќ: Давкова да престане да биде „министер…
Морам да напоменам дека обраќањето не беше…
Мицкоски најави проширување на истрагата за „Државна…
Истрагата за државната „Лотарија“ се проширува. Злоупотребите…