Грчкиот весник “Етнос”: Дали МПЦ и СПЦ се блиску до решавање на деценискиот спор?

t

Српската и Руската православна црква планирале да и доделат афтокефалност на Македонската православна црква уште овој месец, но Вселенската патријаршија со признавањето ги претркала, тврди грчкиот весник Етнос, повикувајќи се на извори од Теолошкиот факултет на Универзитетот „Аристотел“ во Солун. Намерата на Белград и Москва била Вселенската патријаршија воопшто да не учествува во давањето томос, пишува весникот.

„Пред неколку дена во српскиот град Ниш имало средба меѓу претставници на Српската православна црква и на Православната црква на Северна Македонија, со учество на српскиот патријарх Порфириј. Според информацијата, Москва и Белград сакале да ја признаат автокефалноста на Православната црква на Северна Македонија и Вселенската патријаршија да биде ставена пред свршен чин“.

Признавањето на Охридската архиепископија од страна на Вселенската патријаршија имало политички димензии кои ја засегаат и Атина, тврди „Етнос“, според кој нишката средба го забрзала текот на настаните и довела до одлука Цариград да ја тргне шизмата од македонската црква, признавајќи ја како Охридска архиепископија, барање кое МПЦ го испратила уште пред четири години.

Владиката Тимотеј во интервју за Гласот на Америка вели дека и покрај признавањето од Вселенската патријаршија, патот до афтокефалност на МПЦ мора да оди преку Српската православна црква, а не помалку важно за Скопје е и признавањето од страна на Руската црква.

„Хиерархија добиваме преку Српска православна црква. Значи треба СПЦ да предложи до останатите православни цркви, а потоа томосот да го потпишат заедно и српскиот и евентуално цариградскиот патријарх или цариградскиот и останатите. Ние не сме заинтересирани да не бидеме признати од Москва. Сепак тоа е најголема правослвна земја и најголем православен народ“.​

За ставот на Бугарија дека тие се единствени наследници на на Охридската архиепископија, владиката Тимотеј рече дека е „уште една бугарска глупост“. Засега Српската црква молчи. Се очекува нејзин став веќе во недела за кога е закажан Собор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пендаровски и државно-црковната делегација пристигнаа во “Св.…

Државно-црковната делегација предводена од претседателот Стево Пендаровски денеска пристигна…

Заедничка литургија на МПЦ и СПЦ утре…

Во манастирот „Св. Прохор Пчински", покрај одбележувањето…

Утре е Огнена Марија: Овие работи не…

Православните верници, утре го одбележуваат празникот на…

Календар на МПЦ: Денес се празнува Свети…

На крштението наречен Василиј. Син на кнезот…

Календар на МПЦ: Денес се празнува Светиот…

Еден од седумдесетте апостоли. Како Евреин живееше…