Грчкиот министер за надворешни работи во посета на Македонија

Шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас денеска е во еднодневна посета на Северна Македонија, а предвидено е во Скопје да се сретне со министерот за надворешни работи Бујар Османи, да биде примен од премиерот Димитар Ковачевски и да присуствува на работна вечера организирана од Османи и вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, јави дописничката на МИА од Атина.
-За време на посетата на министерот за надворешни работи, се очекува разговорите да се фокусираат на целосното, доследно и добронамерно спроведување на Договорот од Преспа, на дополнителното зајакнување на билатералните односи во сите области, вклучително и економијата, трговијата и енергетиката, како и на европската перспектива на Северна Македонија. Дополнително, во разговорите се очекува да бидат опфатени и случувањата на Западен Балкан и Источниот Медитеран, како и ситуацијата во Украина по руската инвазија, соопштија од грчкото МНР во пресрет на посетата на Дендиас.
Согласно агендата, по средбата со Османи, во попладневните часови ќе следат и изјави за медиумите.
Ова е трета посета на Дендиас на Северна Македонија, првата беше во ноември 2019 година, втората во август минатата година, а шефот на македонската дипломатија Бујар Османи ја посети Атина во јануари 2021.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Бугарски претставници положија цвеќе пред возобновениот…
„За да бидеме ефикасни и добри сојузници,…
Дрзок однос на бугарското МНР: Северна Македонија…
Бугарското Министерство за надворешни работи го повика…
Османи: Може и да не добиеме нов…
Министерот за надворешни работи Бујар Османи вечерва…
Жител на Чегране нападнат додека вршел градежни…
На 25.06.2022 во 08:09 часот во СВР…
Приведени албански државјани кои краделе дрва од…
Во голема полициска акција на Единицата за…