Грчките медиуми интензивно известуваат за новата Македонска Влада – Што пренесоа?

t

АНА-МПА детално го објаснува новиот владин состав, ги пренесува ставовите на новиот премиер за време на расправата во Собранието, како и ставовите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

– Аналитичарите во Скопје го поставуваат прашањето дали Владата на Димитар Ковачевски ќе може да го заврши својот мандат, кој формално е уште две и пол години. Тоа е затоа што најголемата партија во владејачката коалиција, СДСМ, на неодамнешните локални избори во земјата претрпе убедлив пораз, што предизвика сериозни турбуленции во самата партија, додека десничарската ВМРО-ДПМНЕ, која во моментов се појавува како најголема политичка сила во земјата, на високи тонови аргументира дека новата Влада нема легитимитет, бидејќи постои неусогласеност меѓу власта и народната волја, како што таа беше изразена на локалните избори. Сепак, Димитар Ковачевски вели дека неговата Влада ќе го заврши мандатот и ја отфрла можноста за предвремени избори, објави АНА-МПА.

Грчката новинска агенција коментира и дека „една од „жешките“ теми“ за новата Влада се односите со Бугарија, „која над една година го спречува почетокот на пристапните преговори меѓу Македонија и ЕУ поради отворените национални, јазични и историски разлики меѓу двете земји“.

– Новиот премиер на Бугарија Кирил Петков ќе биде првиот странски лидер што ќе се сретне со Димитар Ковачевски. Петков утре, вторник, 18 јануари, ќе го посети Скопје, каде ќе се сретне со новиот премиер на Македонија, а во фокусот ќе се најдат „проблематичните“ односи меѓу двете земји и можноста за нивна делумна нормализација преку формирање мешани комисии за соработка во различни области, пишува АНА-МПА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Грција ги порази македонските кошаркарски надежи со…

Кошаркарската репрезентација на Македонија до 16 години…

“РТС”: Северна Македонија, друштва на мртви цареви

Двајца поранешни бугарски императори и соработници на…

Ахмети: За пет години ќе бидеме членка…

Али Ахмети во денешната честита по повод…

Клучни придобивки од Рамковниот договор се зачувување…

Пред 21 година, во Охрид, претседателите на…

Младите македонски ракометари се пласираа во финалето…

Македонската ракометна репрезентација до 18 години ќе…