Објавено на:

Грчки пратеник: Преспанскиот договор придонесе за признавање на МПЦ

t

Пратеникот на прогресивната алијанса на СИРИЗА и поранешен заменик министер за надворешни работи, Јанис Аманатидис смета дека признавањето на МПЦ-ОА за канонска се рефлектива и на добриот однос на црквите меѓу Македонија и Грција.

-Особено традицијата на Света Гора длабоко ги погодува сите соседни народи. Денес, манастирите во Северна Македонија се засноваат на светогорското искуство на славомакедонските монаси кои во претходните децении се подвизувале на Света Гора, а потоа се вратиле и го оживеале монаштвото во својата татковина. Брилијантен пример е манастирот Свети Јован во Бигорски, каде сите монаси и игуменот одлично зборуваат грчки и ги извршуваат богослужбите според светогорското предание. Православната традиција е обединувачки и помирувачки фактор на нашите народи.

Според него, Договорот од Преспа „учествуваше“ од црковниот аспект и делуваше како катализатор за да се продолжи на здрава основа процесот на доделување административен статус на МПЦ.

– Вреди да се спомене дека од 2016 година во Министерството за надворешни работи со голема сериозност ги испитуваме црковните аспекти на односите со Северна Македонија и максимално придонесовме за дискрецијата предвидена во овие прашања, во започнувањето на дијалогот на вклучените страни, изјавил Аманатидис во интервју за грчки „iEidiseis“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пендаровски и државно-црковната делегација пристигнаа во “Св.…

Државно-црковната делегација предводена од претседателот Стево Пендаровски денеска пристигна…

Заедничка литургија на МПЦ и СПЦ утре…

Во манастирот „Св. Прохор Пчински", покрај одбележувањето…

Утре е Огнена Марија: Овие работи не…

Православните верници, утре го одбележуваат празникот на…

Календар на МПЦ: Денес се празнува Свети…

На крштението наречен Василиј. Син на кнезот…

Календар на МПЦ: Денес се празнува Светиот…

Еден од седумдесетте апостоли. Како Евреин живееше…