Објавено на:

Гутереш: Една погрешна процена го дели човештвото од нуклеарно уништување

t

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш денеска изјави дека „само едно недоразбирање, една погрешна проценка го дели човештвото од нуклеарно уништување“, пренесува Данас.


Тој го рече ова на почетокот на долго одложуваниот состанок на високо ниво во ОН за разгледување на меѓународниот договор за неширење на нуклеарното оружје.

Гутереш конкретно ја спомена војната во Украина и заканата од нуклеарно оружје во конфликтите на Блискиот Исток и Азија.

Тој додаде дека сегашната закана од нуклеарен конфликт „не е видена од екот на Студената војна“.

Договорот за неширење на нуклеарно оружје е на сила од 1970 година и е потпишан од 191 земја.

Тогаш петте оригинални нуклеарни сили, САД, Кина, Русија (тогаш Советскиот Сојуз), Велика Британија и Франција, се согласија да преговараат за идното елиминирање на нивните арсенали.

Државите без нуклеарно оружје ветија дека нема да го градат, во замена за гаранција дека ќе можат да ја користат нуклеарната енергија за мирољубиви цели.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Федералниот суд пресече: Жителите на Њујорк ќе…

Американскиот федерален суд денеска ја блокираше одлуката…

Бугарија со девет воени авиони ќе испраќа…

Бугарија ќе испрати пратка оружје во Украина…

МВР ги подучува тетовци: Оружјето не е…

Колку далеку може да „патува“ куршум испукан…

ЕУ му достави на Киев оружје во…

Шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, објави…

САД: Ја охрабруваме Србија да ја зголеми…

Кори Шеј, военото аташе на американската амбасада…