Објавено на:

Гутереш: Жените се клучни за мировните преговори во светските конфликти

t

Мажите мора да престанат да ги исклучуваат жените од мировните преговори во светот, порача генералниотѕ секретар на ОН Антонио Гутереш, предупредувајќи дека во конфликти како што е руската инвазија на Украина, ситуацијата всушност „се враќа наназад“.

Недоволната застапеност на жените во таквите преговори од Украина до Авганистан, Мјанмар и Мали покажува „како трајните нерамнотежи на моќ и патријархатот продолжуваат да нè водат кон неуспех“. На посебен состанок на Советот за безбедност, Гутереш коментираше дека правата и слободите на жените се намерно прекршени во овој поглед. Но, „правото на жените на еднакво учество на сите нивоа е од суштинско значење за градење и одржување на мирот“, рече Гутереш.

Тој истакна дека руската инвазија на Украина принудила милиони жени и деца да ја напуштат земјата, „ставувајќи ги на висок ризик од трговија и експлоатација од секаков вид“. Жените кои избрале да не се евакуираат сметаат на здравствена заштита и социјална поддршка. Затоа, нивните ставови се „критични за разбирање на динамиката на конфликтот“ и го прават нивното учество „суштинско за решавање на конфликтите“, додаде Гутереш.

Во многу области, мажите на власт работеа активно на исклучување на жените, рече Гутереш, укажувајќи на Авганистан, каде што „речиси 20 милиони авганистански жени и девојки се запоставени“. Во Мјанмар „жените не можат отворено да зборуваат и немаат пат до политичко учество“, додаде шефот на ОН.

Последователните воени удари, исто така, доведоа до тоа жените да „станат посиромашни и маргинализирани“ во Мали, каде што „екстремистите претставуваат уште поголема закана“, рече Гутереш.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Костов му одговори на Штајнмајер: Дојдоа варвари,…

Спас за Македонија ни случајно не е…

Петровски: Ѝ се закануваа на Арсовска дека…

Во денешното гостување во "Само вистина" на…

(Видео) СДС и ДПМНЕ не го осудија…

Советникот од редовите на Левица во Општина…

Полска се согласи да ја ограничи цената…

Полска се согласи со договорот на Европската…

(Видео) ДРАМА ВО КАТАР – Уругвајците ги…

Уругвај по голема драма испадна од Светското…