Објавено на:

Гo бoли, премиерот на Викторија повторно за Ѓоковиќ: Тој човек мислеше дека е поголем од турнирот – па не беше

t

Даниел Ендрјус, премиерот на државата Викторија изјави дека е голем успех што Австралија опен се одржа и без најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ.

Новак Ѓоковиќ е депортиран од Австралија поради политички причини, а претставниците на властите не се откажуваат од ставот дека донеле правилна одлука.

„Рафа (Надал) беше во право. Се можеше да се избегне и да се вакцинираше Новак Ѓоковиќ, тој човек мислеше дека е поголем од турнирот. Па, не е. Затоа турнирот се игра без него. И тоа е голем успех“, изјави Ендрјус, а пренесуваат австралиските медиуми.

Иако страстите треба да се смират по депортирањето на Новак од Австралија, Ендрјус повторно ја вжештува ситуацијата и го прозива првиот светски рекет.

Овие зборови на првиот човек на Викторија, чиј град е Мелбурн, каде што се одржува Австралија опен, дојдоа само неколку часа по изјавата на Крег Тејли – првиот човек на Австралија Опен.

„Да, тој ќе може да игра. Секако, прво треба да ја помине оваа година, но тој ќе одлучи дали ќе игра. На крајот на краиштата, тој е првиот тенисер во светот и навистина го сакаме на Австралија Опен“, изјави Тајли.

Тајли на некој начин го бодреше Новак, што е логично бидејќи во интерес на турнирот е да се игра најдоброто во светот, но пораките кои стигнаа од Ендрјус повторно беа со навредлив тон.

Соработниците на Новак Ѓоковиќ најавија дека за време на турнирот тој нема да коментира, па сите со нетрпение ја очекуваат неговата страна од приказната.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Убиецот од Цетиње бил условно осуден, експлозив…

Вршителот на должноста директор на полициската управа…

Тешка сообраќајка на скопската обиколница, има загинати

Тешка сообраќајна незгода се случи вечерва на…

Тоа што ќе го правите утре ќе…

Кога свети Игнатиј бил дете Исус го…

Близнаци меѓу жртвите во Цетиње

Браќата близнаци Милош и Марко Мартиновиќ се…

Уште утре уживајте во сонцето, студен бран…

Синоптичарите и за утре најавуваат сончево и…