Далиќ: Ќе дадеме сè од себе, имаме сила да ја победиме Аргентина

Хрватскиот селектор Златко Далиќ кажа дека е голем успех тоа што неговите избраници двапати по ред се пласираат во полуфинале на Мундијалите.
Далиќ кажа дека репрезентативците на Хрватска се мотивирани за нов успех и победа против Аргентина.
„Ги анализиравме, знаеме како играат, а јас им верувам на моите фудбалери кои покажаа карактер. Нема да се прилагодиме, туку ќе ја играме нашата игра. Многу се потрошивме, но и покрај тоа имаме сили за финале. Знаеме дека ќе дадеме сè од себе“, вели Далиќ.
Фудбалерите на Далиќ играат уште еден историски натпревар, а хрватскиот тренер откри кој бил најголем досега според него.
„За мене победата против Англија беше најголема кога се пласиравме во финале, па потоа оваа против Бразил. Утре би можела победата да биде уште поголема. Ако славиме, тоа ќе биде наша најголема победа во историјата“, кажа Далиќ.
Извор: sport1.mk
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Полски генерал: Од руски напад би можеле…
Полската армија има доволно резерви за да…
Кочани има едвај половина од потребните пожарникари…
Интервенцијата на кочанските пожарникари во гаснењето на…
Имало ли камери во „Пулс“ и дали…
Дали постоел видео-надзор во изгорената дискотека што…
Двајца Македонци загинаа во сообраќајка во Италија,…
Двајца Македонци го загубија животот во трагична…
Зеленски: Путин наскоро ќе умре и се…
Клучно е САД да не го извлечат…