Дали Вагнер групата е присутна во Србија?

t

Во тајните документи на американски функционери до кои дојде весникот „Политико“, се наведува дека САД се загрижени поради ширењето на руската паравоена група Вагнер надвор од Русија, пред се во Србија. Причина за загриженост е зголеменото присуство на членовите на Вагнер, кои според „Политико“ пристигнале во Белград во декември минатата година со цел да го запрат антирускиот наратив во Србија.

Ова не е прв пат озлогласена платеничка група од Русија да биде поврзана со Србија – државјанин на Србија беше осуден во 2017 година за водење војна во источна Украина како дел од Вагнер, а нивното присуство на протестите во Белград во 2020 година често се регсистрираат.

Податоците што ги објави „Политико“ се резултат на истрагата на американски официјални лица и разузнавачи кои со месеци собираа податоци за операциите на Вагнер надвор од Русија.

Испраќањето што го доби Политико содржи детален опис на движењата и активностите на Вагнер на терен во Централноафриканската Република и Србија. Беше анализирано до кој степен групата претставува закана за локалните сили и официјални лица.

Катрина Докси, помошник директор и соработник за транснационални закани на американското разузнавање, наведува дека Србија е избрана од три причини.

„Тие сакаат да имаат влијание во земјите со слабо владеење, постојани безбедносни предизвици и оние кои се збогатени со природни ресурси. Нивна задача е и да се договорат за безбедносни договори или да ги олеснат идните дипломатски односи со тие земји“, рече Докси.

Зголемено присуство во Србија од декември
Во едно испраќање се наведува дека Вагнер позиционирал луѓе во Белград минатиот декември.

„Оттогаш е започната операција за спротивставување на активностите на елементите на руската дијаспора во Србија против режимот на Путин“, се вели во документот.

Според „Политико“, особено е интересно што Вагнер доаѓа во Србија во време кога продолжуваат да растат тензиите на територијата на Косово .
Групацијата Вагнер е основана од рускиот бизнисмен Евгениј Пригожин, познат и како „Готвачот на Путин“. Станува збор за платеници кои се бореле во Сирија, Ирак, Авганистан и се осомничени за бројни воени злосторства. Затоа, Соединетите Американски Држави и Европската Унија воведоа санкции за членовите на Вагнер.

Како одговор на прашањата за Вагнер и присуството на групата предводена од Евгениј Пригожин во Србија, претседателот Александар Вучиќ зборуваше на прес-конференција. Тој тогаш рече дека Вагнер нема што да бара во Србија, „но ниту НАТО“.

„Дали треба да му се додворувам на Вагнер? Нема да се додворувам на никого, немате што да правите во Србија, ниту вие, ниту НАТО. Мораме да соработуваме со НАТО затоа што вие Русите го напуштивте Косово, а ние соработуваме со вас затоа што сме пријатели, бидејќи вие ни помагате во Советот за безбедност на ОН“, рече Вучиќ.

На прашањето дали Русија ќе и помогне на Србија доколку избие војна на Косово, Вучиќ рече дека Москва „нема да направи ништо“ бидејќи не може да му помогне на Белград. Вучиќ и се заблагодари на Русија за поддршката за територијалниот интегритет на Србија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дали ДПМНЕ го награди Максим со 243…

Од унгарскиот кредит од 50 милиони евра,…

Николоски: ОПОЗИЦИЈАТА ЌЕ ОСВОИ ОД 0 ДО…

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски…

Ужас во Охрид: Автомобил влета меѓу пешаци…

Стравична сообраќајка вечерва ја потресе Охрид –…

Сите ја плаќаме цената на иранските напади,…

Бенјамин Нетанјаху кажа дека целиот израелски народ…

МАКЕДОНИЈА НА УДАР ОД ГЛОБАЛНИТЕ КРИЗИ: Како…

Продолжувањето на конфликтите на Блискиот Исток и…