ДАЛИ Е ОВА КРУНСКИОТ ДОКАЗ ПРОТИВ ТАТКОТО НА КОСТА К.? Фотка од стрелиштето може да биде употребена против Владимир Кецмановиќ

Пушката на фотографијата е од марката „дијана“, модел „460 магнум“ калибар 4,5 мм, со монтиран оптички нишан. „
Фотографија на која се гледа момче кое вежба со пушка на стрелиште објави српски „Блиц“ тврдејќи дека се работи за фотка од момчето-убиец Коста К. од Врачар, од деновите кога неговиот татко Владимир го носел да вежба. Според „Блиц“, фотографијата би можела да биде употребена како крунски доказ против таткото на кого му се закануваат 12 години затвор.
Пушката на фотографијата е од марката „дијана“, модел „460 магнум“ калибар 4,5 мм, со монтиран оптички нишан. „Блиц“ пишува и дека истрагата покажала дека не е точно дека Коста К. бил исклучително прецизен кога го направил масакрот во неговото основно училиште во Белград.
– Кога влегол во училницата испукал 45 проектили за 55 секунди, а 11 проектили промашиле целосно. Мафтал со оружјето, а бидејќи училницата била мала, загинале голем број жртви – вели неименуван извор на „Блиц“.
Според непроверените информации, пишува „Блиц“, на денот на убиството, полицијата на бирото на момчето пронашла реплика на пиштол, пиштол „аерсофт“ без рамка, нефункционален пиштол и нацрт за бомба.
– На дел од хартијата е нацртана бомба и наведени нејзините компоненти. (Коста К.) пребарал на Интернет за да купи бомба, но се откажал кога сфатил дека тоа е тешко да се направи. На истата хартија потоа нацртал друга бомба и ја пречкртал – вели изворот.
Друга можна индикација за тоа дека Коста К. не бил исклучително прецизрне и тоа што во изјавата по злосторството тој тврдеше дека не се сеќава кого убил, ниту на крвта, ниту на лицата на жртвите. Кога го прашале како се чувствува додека ги снима своите пријатели, тој одговорил дека тој ден му било непријатно да пука за првпат без слушалки што го намалуваат звукот.
Таткото на момчето е под сомнение дека во периодот на една година го обучувал 13-годишниот син да ракува со огнено оружје и муниција и да пука во цели со концентрични кругови со означени човечки силуети – а потоа да ја наполни рамката, да стои и да дише при употребата на оружјето.
Се смета дека таткото дал лаже исказ против вработените на стрелиштето. Тој негираше каква било вина во врска со тоа што го сторил синот, велејќи дека не сноси одговорност за тоа. Наводно, тој одбил да ја погледне фотодокументацијата на убиените деца.
Во притвор таткото со цимерите зборувал за тоа како неговото семејство добро живеело и патувало, а дека сега е уништено.
Обвинението против таткото е долго 267 страници. Истрагата исто така покажа дека таткото чувал необезбедено оружје во куфери, наместо во сефот кој бил закачен на ѕидот во плакарот во ходникот.
– Проблемот на (Владимир) Кецмановиќ е што очигледно го мрзело да го одложи оружјето на сигурно после тренинг – вели изворот на „Блиц“ во врска со ова.
Обвинение е поднесено и против мајката на момчето за неовластено поседување муниција, а нејзина ДНК била пронајдена на една чаура најдена во кабинетот. Обвинителството за мајката бара 2 ипол години затвор, а три години за вработените на стрелиштето.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
НАТО бара истрага за причините за падот…
НАТО денеска повика на истрага за причините…
„Европскиот фронт“ бара оставка од Гаши: Албанскиот…
Македонија„Европскиот фронт“ бара оставка од Гаши: Албанскиот…
Трамп: Очекувам разговор со Путин за да…
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп синоќа изјави…
Светската банка ја зголеми прогнозата за економскиот…
Светската банка денеска ја зголеми својата прогноза…
Бајден: Пентагон да продолжи со своите активни…
Американскиот претседател Џо Бајден побара од Пентагон…