Објавено на:

Дали Зеленски започна чистка?

t

Кабинетот на украинскиот претседател конечно почна да се справува со оние кои по должност беа задолжени да бидат подготвени за војна, пишува украински Телеграф.

По патувањето на Володимир Зеленски во Харков на крајот на мај, шефот на регионалната служба за безбедност на Украина (СБУ), Роман Дудин, беше отпуштен, а следен чекор е да се покрене постапка за предавањето на Херсон.

Зеленски рече дека функционерот во Харков бил отпуштен „затоа што не работел на одбрана на градот од првите денови на војната масовно, туку само мислел на себе“ и дека другите се обиделе „многу ефикасно“, а поранешниот градоначалник не се обидел.

Иако претседателот на Украина не го именуваше тој функционер, украинските медиуми го идентификуваа како Роман Дудин, шеф на службата за безбедност на СБУ во регионот Харков.

Набрзо следеа нови отпуштања, а изгледа се работи за луѓе кои и случајно и намерно ѝ ја олеснија работата на Русија при окупацијата на одредени делови од Украина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лидерите на ЕУ се согласија за мобилизирање…

– Шефовите на држави или влади на…

Германски медиуми: На властите во Србија можната…

Во Србија и понатаму шпекулациите за употребата…

(Фото) Сочувство од навивачите во Пловдив: „Бугарија…

Навивачите на бугарската фудбалска репрезентација не заборавија…

Побаран 30 дневен притвор за Крешник Бектеши

Обвинителството побара 30 дневен притвор за екс…

Уште една трагедија: Кумановец загина во експлозија…

Шеесетгодишен маж загина во четвртокот вечерта при…