Објавено на:

Дали конечно ќе има решение ? – Германскиот канцелар Олаф Шолц пристигна во официјална посета на Македонија

t

Канцеларот на Сојузна Република Германија Олаф Шолц денеска пристигна во еднодневна официјална посета на Република Северна Македонија. Канцеларот Шолц, чиј домаќин ќе му биде претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, на аеродромот во Скопје го пречека министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Во делегацијата на канцеларот Шолц се највисоките државни советници на надворешна и безбедносна политика, за економија и финансии, за европска политика, како и новоизбраниот специјален пратеник на Сојузната Влада на Германија за Западен Балкан, Мануел Сарацин.

Канцеларот Шолц и неговата делегација на платото пред Владата на Република Северна Македонија ќе ги пречека премиерот Димитар Ковачевски, со церемонија за пречек со највисоки државни и воени почести.

Во составот на нашата делегација на пречекот и на билатералната средба со делегацијата на СР Германија се првиот заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, заменик на претседателот на Владата за европски прашања Бојан Маричиќ, министерот за надворешни работи Бујар Османи, министерката за одбрана Славјанка Петровска, министерот за локална самоуправа Горан Милевски и министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити.

Според агендата за официјалната посета на канцеларот Олаф Шолц, веднаш после церемонијата на пречекот е предвидена тет-а-тет средба со премиерот Ковачевски, по што ќе следува билатералната средба на членовите на двете делегации.

Официјалната посета на канцеларот Шолц ќе заврши со заедничка прес-конференција со претседателот на Владата Димитар Ковачевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

И ова го утнаа: Пропадна тендерот за…

Јавното претпријатие за државни патишта го поништи…

Паметниот споменик на Прличев вандализирани за нецели…

Нецели 48 часа од поставувањето на паметниот…

Ќучук: Патот на Македонија кон ЕУ ќе…

Патот на Македонија кон ЕУ ќе биде…

Француски адмирал: „Против кинеската морнарица, ќе победиме…

Началникот на генералштабот на француската морнарица во…

Меѓу странците во Велика Британија најчесто се…

Едно од седум деца родени во Велика…