Дали Маричиќ крена раце од ЕУ? – Унијата била симбол за средена држава, треба да ја средиме нашата

t

Наша задача е да ги трансформираме институциите во рамките на Европската унија, но и на патот кон неа, рече денеска вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ.

Според него, ЕУ е синоним и симбол за средена држава, подобри патишта, подобро образование, повеќе можности за вработување и дома и во останатите земји-членки, повеќе можности за развивање бизниси, заеднички пазар, закони кои важат за сите, подобро судство и општо, подобри услови и повеќе можности за граѓаните.

-Европската унија претставува повеќе можности, повеќе фондови и посредена држава. Затоа се бориме да влеземе во ЕУ. Европската Унија не е цел сама по себе, туку начин да им помогнеме на граѓаните да имаат повеќе можности да се развиваат и да имаат подобар живтен стандард, истакна Маричиќ во „Здраво Македонијо“ на Канал 5.

Нашите граѓани, како што рече Маричиќ, патуваат во Грција, Бугарија, Хрватска, Словенија и ја гледаат разликата како живеат тие луѓе денес и како живееле пред влезот во ЕУ.

-На сите кои биле во овие држави им е јасно што значи ЕУ, подвлече Маричиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трагедија во каменолом во Србија: Работник загина…

Педесет и три годишен работник починал кога…

Ким Џонг Ун ги забрани влошките, кондомите…

Жените во Северна Кореја немаат пристап до…

Изминатиот викенд 1711 сообраќајни прекршоци: 828 возеле…

Во деновите од изминатиот викенд (12./13. 07.2025)…

Лишен од слобода малолетник од Куманово, бил…

Лишен од слобода малолетник од Куманово, бил…

ВЛЕН: Коридорот 8 не е само автопат…

Коалицијата ВЛЕН соопшти дека еден по еден,…