Дали нeискуството на украинскиот претседател Зеленски ќе пpeдизвика вojна?

t

Отсуството на соодветно лидерско искуство на претседателот на Украина, Владимир Зеленски, може да доведе до вистински вооружен конфликт во Донбас, пишува Њујорк Тајмс.
„Во светот расте загриженоста за неискуството на Зеленски и неговата околина, што може да доведе до страшни последици, не само за неговата земја. Секој невнимателен чекор може да доведе до војна која може сериозно да ги влоши односите меѓу Русија и САД“, пишува новинарот Ендрју Крамер.
Тој наведува дека Зеленски се опкружил со претставници на шоу-бизнисот кои му се лојални, наместо со експерти кои ја разбираат внатрешната и надворешната политика на Киев.
Според Крамер, администрацијата на украинскиот лидер е можеби првата во историјата што дојде на власт во таков обем директно од светот на шоу-бизнисот .
„Пред да стане политичар, Зеленски беше телевизиски актер и комичар. Назначуваше луѓе од неговиот огранок на клучни позиции, дури ги постави и на чело на Советот за безбедност на Украина“, потсетува новинарот.

Да потсетиме, претседателот на Русија, Владимир Путин на прес-конференцијата изјави дека има впечаток дека Украина се подготвува за трета воена операција и дека однапред ја предупредуваат Москва да не се меша, во спротивно ќе следат нови санкции. Како што истакна, тоа е првата опција на која Русија мора да реагира, додека втората опција е создавање Анти-Русија во Украина, со испорака на оружје и перење мозок на населението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД ги притискаат и Србија и Косово:…

Американскиот амбасадор во Србија Кристофер Хил денеска…

Стоечки овации на говорот на Зеленски во…

Со стоечки овации беше поздравен говорот на…

Експерти за дезинформации во канцелариите на ЕУ…

Повеќето од неодамнешните кампањи на Русија се…

(Видео) Володимир Зеленски пристигна во Лондон: Планирана…

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски е во…

Протераниот Медведчук: Зеленски е казна за Украина…

Володимир Зеленски е казна за Украина и…