Дали треба и кај нас? Велика Британија воведува доживотен затвор за возачите кои усмртиле некој во сообраќајка!

Следната недела во Велика Британија се случуваат промени кои би можеле да резултираат со доживотен затвор на возачите кои убиле некого во возило. Промените стапуваат на сила во вторник.
Би-би-си пишува дека судиите ќе можат да изречат доживотни казни за опасните возачи кои убиле некого во сообраќајот и возачите кои тоа го сториле под дејство на дрога и алкохол. Максималната казна за оние кои кријат сообраќајна несреќа со смртни последици моментално е 14 години.
„Одговорните сега ќе се соочат со можноста да живеат зад решетки“, изјави британскиот министер за правда Доминик Рааб.
Според новиот закон тешко кривично дело е нанесувањето телесни повреди со несовесно возење. Тоа значи дека возачите кои некому ќе нанесат долготрајни или трајни повреди ќе бидат казнети и со построги казни. Предложената измена на законот првпат беше објавена во 2017 година.
Зголемувањето на казните ќе се однесува на прекршоци во Англија, Шкотска и Велс, но не и во Северна Ирска, која има посебни закони за безбедност на патиштата.
„Премногу животи се изгубени поради несовесно однесување зад воланот. Семејствата се уништени“, рече министерот Рааб.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Грчкиот премиер збесна откако Велика Британија ненадејно…
Атина изрази „навреденост“ од премиерот Риши Сунак…
Дерман да се немало! Откриен прв човечки…
Вирусот е сличен на патогенот кој досега…
Велика Британија бара алтернатива за Visa и…
Британската влада го повика банкарскиот сектор да…
Во Битола приведена скопјанка барана со шест…
Денеска (21.11.2023) околу 17 часот полициски службеници…
Британците предупредија на уште една тешка зима
Сметките за енергија се очекува нагло да…