Дали ќе се соочат со нашето сценарио ? – Производството на електрична енергија во Словенија на историски најниско ниво

t

Словенија повеќе не ги произведува потребните количини електрична енергија, а нејзината цена за домаќинствата и економијата може енормно да се зголеми во наредните месеци, предупреди денеска во интервју за словенечкото радио Александар Мервар, директор на Електростопанство Словенија „ЕЛЕС“.

– Војната во Украина во моментов влијае на високите цени на енергетскиот пазар, но и да се смират тие околности, тие ќе бидат исклучително високи, а во преодниот период би можеле да се зголемат два до три пати, рече Мервар, пренесе агенцијата Хина.

Тој додаде дека засега нема индиции дека би можело да има намалување на испораките на електрична енергија, иако Словенија веќе не произведува доволно електрична енергија, туку е сè повеќе зависна од увоз.

Производството на електрична енергија во Словенија во првите пет месеци од оваа година беше на „историски најниско ниво“, рече тој, додавајќи дека поради одржливоста на системот, земјата во тој период речиси цело време била зависна од увезената електрична енергија поради ниските водостои на реките на кои се домашните хидроцентрали. (МИА)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Паметниот споменик на Прличев вандализирани за нецели…

Нецели 48 часа од поставувањето на паметниот…

Ќучук: Патот на Македонија кон ЕУ ќе…

Патот на Македонија кон ЕУ ќе биде…

Француски адмирал: „Против кинеската морнарица, ќе победиме…

Началникот на генералштабот на француската морнарица во…

Меѓу странците во Велика Британија најчесто се…

Едно од седум деца родени во Велика…

Приведени две лица за изнуда на 20.000…

СВР Струмица, заедно со Одделот за криминалистичка…