Даниловски: Итно да се укинат сертификатите за вакцинација: Носењето маски во училиштата е бесмислено

Епидемиологот доктор Драган Даниловски смета дека е бесмислено носењето на заштитни маски против Ковид во училиштата.
-Влезени сме во зелена фаза. Дефинитивно е потребно сосема да се укинат сертификатите за вакцинација. Тоа требаше и порано бидејќи се бесмислени. Треба да останат препораките за носење маски во затворени јавни простории за луѓе со хронични заболувања, луѓе кои се постари од 65 години и луѓе на кои им изминале повеќе од 3-4 месеци од третата доза, за повозрасни и од втората доза за помладите лица.
Препорачувам укинување на маските во училиштата затоа што во оваа фаза тоа е бесмислено, смета д-р Даниловски.
Даниловски смета дека војната во Украина и бранот на бегалци нема значајно да ја наруши епидемиолошката состојба ниту во Украина ниту кај нас.
-Секако на природен начин стивнува короната. Имаме имунитет на популациско ниво над 90%, појаснува тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ИЈЗ: Шест нови случаи на Ковид-19, постои…
Шест нови позитивни случаи на Ковид-19 се…
За една недела починале 4 лица: Регистрирани…
Во периодот од 9 до 15 септември…
За десетина дена ќе стигне донација од…
Вакцини за заштита од Ковид-19 ќе стигнат…
Две лица починале: Регистрирани се нови 213…
Од 19 до 25 август, тестирани се…
Зголемување над 60 проценти на болни од…
Од 12 до 18 август во државава…