Данска ги укинува државните стипендии за студентите од Русија и Белорусија

Данските студенти кои студираат во Русија или Белорусија повеќе нема да имаат право на дански државни стипендии, одлучи денеска парламентот во Копенхаген.
Според данскиот закон, граѓаните на таа земја имаат право на финансиска поддршка за време на нивните студии, без разлика каде се школуваат.
Смислата на тој систем е да им се овозможи на сите да студираат, без разлика на нивната финансиска состојба, односно студентите да не мора да работат за време на студирањето.
Годинава добиваат 6.397 круни (860 евра) бруто месечно, но од таа сума треба да плаќаат данок.
Денеска пратениците одлучија студиите во Русија и Белорусија да бидат исклучени од таа програма до 1 јануари 2024 година. (МИА)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Русија нема да застане: Ова е…
Русија нема да застане во Украина, сите…
Ништо од мирот: Украински командант најави нова…
Командантот на украинските копнени сили Олександр Сирски…
Данска го повика операторот на Северен тек…
Данската агенција за енергетика го покани операторот…
Кина ја поддржа Русија за спроведување истрага…
Пекинг стана коавтор на нацрт-резолуцијата на Москва…
Европската унија со остра осуда на заканите…
Европската унија (ЕУ) денеска ги осуди заканите…