Данска и Тунис без муниција

t

Првиот натпревар без голови на Светското првенство (СП) во Катар го одиграа Данска и Тунис во рамки на првото коло во групата Д, иако двете селекции имаа по неколку шанси за погодок.

Тунис за момент се израдува во 24. минута кога Исам постигна гол за водство, но истиот беше оправдано поништен поради офсајд, по што истиот фудбалер уште еднаш сериозно се закани во финишот на првото полувреме, но овој пат Каспер Шмајхел му го одбрани ударот и ја зачува мрежата на Данска (0-0).

Андреас Корнелиус можеше да постигне гол за водство на Данска, но сепак ја погоди стативата, по што во завршницата од мечот мораше да интервенира и ВАР-технологијата поради една сомнителна ситуација во казнениот простор на Тунис, но сепак реши дека нема пенал, по што не се случи ништо конкретно до последниот судиски свиреж.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Хрват уапсен во Панама за убиство…

На аеродромот во Панама е уапсен хрватски…

Вучиќ повика на обединување на Србите

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ им се…

Шоле го охрабрил Вучиќ да преземе чекори…

Специјалниот советник во американскиот Стејт департмент, Дерек…

Ердоган го претстави новиот кабинет: Ова се…

Реџеп Таип Ердоган, откако денеска свечено положи…

Украинците бесни: Унгарија објави карта од Украина…

Украинското Министерство за надворешни работи ја укори…