Данска и Тунис без муниција

t

Првиот натпревар без голови на Светското првенство (СП) во Катар го одиграа Данска и Тунис во рамки на првото коло во групата Д, иако двете селекции имаа по неколку шанси за погодок.

Тунис за момент се израдува во 24. минута кога Исам постигна гол за водство, но истиот беше оправдано поништен поради офсајд, по што истиот фудбалер уште еднаш сериозно се закани во финишот на првото полувреме, но овој пат Каспер Шмајхел му го одбрани ударот и ја зачува мрежата на Данска (0-0).

Андреас Корнелиус можеше да постигне гол за водство на Данска, но сепак ја погоди стативата, по што во завршницата од мечот мораше да интервенира и ВАР-технологијата поради една сомнителна ситуација во казнениот простор на Тунис, но сепак реши дека нема пенал, по што не се случи ништо конкретно до последниот судиски свиреж.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

БРУКА НЕВИДЕНА: Функционер на ВМРО-ДПМНЕ ѝ се…

Партијата како организација нема помогнато за уставобранителите,…

,,ЌЕ ИМ ДАДЕМЕ ПАРИ АКО ОДАТ НА…

Повеќето од нив можеби немаат финансиски или…

Груевски беше преголем за овој народ: Направи…

Груевски придаваше вредност на секоја пора од…

(Видео) Бербок на Мицкоски му кажала дека…

За целата ситуација во опозицијата јас го…

Неовластено поставил 50 лежалки и 25 чадор…

СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.Р.(65)…