Данска ќе го поддржи воениот сојуз во Црвеното Море со фрегатa

Данска сака да ја поддржи воената алијанса иницирана од Соединетите држави за заштита на бродовите во Црвеното Море со фрегата, соопшти данското Министерство за одбрана доцна попладнево.
-Загрижени сме поради сериозната ситуација во Црвеното Море, каде продолжуваат неиспровоцираните напади врз цивилниот брод, рече министерот за одбрана, Троелс Лунд Поулсен, според соопштението за печатот.
Во јануари данската влада има намера да го достави предлогот до Парламентот на гласање.
Од почетокот на војната во Појасот Газа, бродовите во Црвеното Море постојано беа напаѓани од бунтовниците Хути.
Според американските разузнавачки служби, бунтовниците во Јемен се поддржани од Иран.
Со цел подобра заштита на важната поморска рута што води до Суецкиот канал, Вашингтон формираше воен сојуз со вооружени сили од други земји.
Повеќе од 20 земји, меѓу кои Велика Британија, Канада, Франција, Холандија, Норвешка и Данска, учествуваат во иницијативата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Данска ќе го брани Гренланд со воена…
Данска денеска објави дека ќе потроши 14,6…
Данска го зголемува буџетот за одбрана на…
Данската влада најави огромно зголемување на буџетот…
Данска повлече капини од Србија поради присуство…
Данска ги повлече капините од Србија поради…
Данска ќе сади милијарда дрвја, десет отсто…
Данските пратеници во понеделникот постигнаа договор за…
Две екcплозии во близина на изpаелcката Амбасада…
Данската полиција соопшти дека истражува две експлозии…