Објавено на:

Дански и шведски сеизмолози регистрирале силни експлозии во областите на истекување на Северен тек

t

Дански и шведски сеизмолози регистрираа силни експлозии во областите на истекување на гасоводот Северен тек. Ова денеска го соопшти шведскиот национален сеизмолошки центар на Универзитетот во Успала за Шведската државна телевизија.

– Нема сомнеж дека станува збор за експлозии, изјави сеизмологот на центарот Бјорн Лунд за телевизијата.

И сеизмограф на данскиот остров Борнхолм регистрира двојно зголемување на сеизмичката активност. Тоа се случило вчера, кога е забележан драстичен пад на притисокот на гасоводите Северен тек 1 и Северен тек 2, соопшти Геофизичкиот институт на Германија.

Сеизмографот отчитувал речиси целосна смиреност до 02:00 часот по локално време, кога одеднаш е регистрирано зголемување на сеизмичката активност што одговарало на земјотрес. Потоа селедел бран на постојано тресење. Истото се повторило во 17:00 часот.

Првото соопштение намалување на притисокот на Северен тек 2 е од вчера попладне. За Северен тек 1 беше објавено вчера вечер, веднаш по вториот извештај за зголемена сеизмичка активност.

Германскиот геофизички институт одби да коментира дали пријавените зголемувања на сеизмичката активност се поврзани со истекување на гасовод во областа.

Тие биле воочени во областа на островот Борнхолм, пренесе БТА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Малолетници тепале дете на Бит Пазар

– Денеска (09.08.2024) во 01:30 часот во…

Предупредување за мегаземјотрес во Јапонија! Премиерот ги…

Јапонскиот премиер Фумио Кишида го откажа патувањето…

Пожарот на Галичица се шири накај Стење,…

Регионалниот ЦУК Битола, известува дека вчера од…

Стано за литиумот: ЕУ не би поддржала…

Европската унија нема да поддржи нешто во…

Блинкен: Ескалација на тензиите на Блискиот Исток…

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен во телефонски…