Дачиќ: Секој предлог кој не вклучува признавање на Косово во ОН е добра основа за дискусија

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ изјави дека секој предлог договор кој не го вклучува Косово како независна држава и неговото признавање, односно членство во Обединетите нации, е добра тема и основа за понатамошна дискусија, пренесува РТС.
„Според тоа, ние сме далеку од дефинитивен предлог, но Србија јасно кажа кои се нејзините црвени линии и ние сме подготвени да разговараме. Важно е да учествуваме во дијалогот“, рече Дачиќ.
Тој не гледа напредок во дијалогот меѓу Белград и Приштина без да се изврши притисок врз Албин Курти.
Како што рече Дачиќ, претседателот Александар Вучиќ ќе одлучи да оди во Тирана на Самитот на лидерите од Западен Балкан, а одлуката ќе биде во интерес на Србија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нови тензии во Косово: Каменуван автомобил на…
Автомобил управуван од Србинот Саша Блажиќ вечерва…
Петровска на средба со Вучевиќ: Интеграција во…
Министерката за одбрана на Република Македонија, Славјанка…
(Видео) Српски навивачи во Мелбурн извикуваат „Србија-Русија“…
Српски навивачи денеска се собраа пред стадионот…
Курти: Во Косово нема српски општини
Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека на Косово…
Шокантна одлука на судот во Приштина: Отфрлено…
Основниот суд во Приштина го отфрли обвинителниот…