Објавено на:

Дајте му на Путин што сака за да заврши војната

t

Најголемиот дел од Европејците се подготвени да ја отстапат окупираната територија на Украина во замена за крај на војната што е можно побрзо, покажуваат новите анкети објавени од британски Тајмс.

Поделбата главно се движи по географски линии, па ако директните соседи притискаат да се оди на пораз на Путин во Украина, нивните позападни, и попресметани, колеги од Унијата се залагаат за тоа „Русија да не биде понижена“ и да биде создаден „излез преку дипломатски средства“.


Така, додека полскиот претседател прашува „Дали некој би зборувал за Адолф Хитлер на ист ваков начин? Дали некој рекол дека треба да му се дозволи да се спаси?“, анкетите на Европскиот совет за надворешни работи (ЕЦФР), покажува дека најголемиот дел од Европејците сакаат мир веднаш, без да ги занима која ќе биде цената за Украина.

„Големата поделба е меѓу тие што сакаат да стават крај на војната колку што можат побрзо и оние што сакаат Русија да биде казнета.

Европските граѓани се загрижени за економските санкции и заканата од нуклеарна ескалација. Освен ако нешто драматично не се промени, тие се против долга и продолжена војна“ изјавил директорот на ЕЦФР, Марк Леонард.

За Леонард оваа поделба потсетува на кризата по финансискиот крах во 2008 која речиси доведе до распаѓање на Унијата.

На ниво на 10 анкетирани држави Европа, 35% биле за мир веднаш, додека 22% биле за „правда“ која била дефинирана како „само очигледен пораз на Русија може да доведе до мир.“

Разликата е уште поголема кај „најважните држави на ЕУ“, меѓу кои опцијата за инстантен крај на војната, дури по цена на отцепување на делови од Украина, има поддршка од 52% во Италија, 49% во Германија и 41% во Франција. Од друга страна 41% од Полјаците даваат поддршка за продолжување на војната против Русија се до нејзиниот пораз.

Меѓу анкетираните, најголемиот страв во Германија, Италија и Франција биле поскапувањата на животните трошоци и енергијата предизвикани од војната. Швеѓаните, Британците, Полјаците и Романците не биле толку монетарно сензитивни, колку што биле загрижени од опцијата дека судирот би можел да се претвори во нуклеарна војна.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

И Бугарија има со што да “се…

ФБИ нуди награда од 100.000 долари за…

Тешка сообраќајна несреќа во Чаир: Повреден е…

Вчера во 06.40 часот во СВР Скопје…

ЦУК информира: Еве на кои планини нема…

Низ парк шумата Водно или низ нашите…

Брнабиќ: Приштина продолжува да се изживува со…

Премиерката Ана Брнабиќ рече дека последните одлуки…

ЕУ и НАТО ја поддржуваат одлуката на…

На позадината на хистеричната ситуација, подгреана од…