Двајца Бугари имамиле охриѓанец: Му земале повеќе од милион денари!

t

СВР Охрид поднесе кривична пријава против К.И.(51) и Г.М.(56), двајцата од Благоевград, Република Бугарија, поради постоење основи на сомнение за сторени 21 кривично дело „измама“.

Пријавените, во периодот од 17.08.2022 до 10.09.2022, телефонски им се јавувале на повеќе повозрасни лица од Охрид и, лажно претставувајќи им се, ги известувале дека блиски членови на нивните семејства биле тешко повредени во сообраќајни несреќи.

Притоа, доведувајќи ги во заблуда, на оштетените им ветувале дека за одредена сума пари можеле да им помогнат за нивно ослободување од кривична одговорност.

На овој начин, пријавените предизвикале вознемиреност кај оштетените граѓани, а во три случаи од оштетените добиле пари со што се стекнале со противправна имотна корист во вкупен износ од 1.077.320 денари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Џабе толку драми, Советот на Европа пресече:…

Комитетот на министри на Советот на Европа…

„Асли Бугарите“ Фети, Агим, Денис, Ремзи и…

Новинарот Саше Димовски објави документ од септември…

За настинка? Бугарите кои нападнаа македонски полицајци…

Тројцата приведени на граничниот премин „Деве Баир“…

(Видео) Сега и измислуваат – Адвокатот на…

Тројцата Бугари од партијата Преродба кои вчера…

(Ексклузивно видео) АИРЛИЈА: ПРОТЕРАНИ БУГАРИТЕ КОИ ТЕПАА…

Основниот суд во Крива Планка определи мерка…