Двајца повредени во сообраќајката на Плетвар

t

Две лица се повредени во сообраќајната несреќа која вчера околу 14:20 часот се случи на Плетвар.

Од МВР информираат дека на магистралниот пат Градско-Прилеп, во близина на крстосница за с. Раец, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „Волво“ со албански национални ознаки, управувано од Л.Д.(50) од Република Албанија и патничко возило „Ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.М.(48) од Прилеп.

-Во несреќата со телесни повреди се здобиле возачот на патничкото возило К.М. и сопатникот Е.А.(41) од Прилеп, констатирани во болницата во Кавадарци, информираат од МВР.

Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Кавадарци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левица удри по министерот за правда! –…

Скандалозен е молкот и немањето реакција на…

(Видео) Бајден не може да си ја…

Американскиот претседател Џо Бајден се обиде да…

За седум дена ќе биде познат судбината…

Еврејската заедница на Македонија ја започна процедурата…

Захарова со страшно предупредување: Украинците се подготвени…

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи,…