Двајца Срби уапсени во Македонија! Ова се деталите

t

Полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица, денеска во 14:30 часот во село Удово, Валандовско, ги лишиле од слобода  Л.Р.(21) и А.М.(20), двајцата од Република Србија.

Како што информираат од МВР, при преглед во возило „мерцедес” со српски национални ознаки, кое го управувал Л.Р., а совозач бил А.М., биле пронајдени четири лица мигранти од Авганистан.

-Претходно, возилото не застанало на знак за запирање, даден од полициски службеници, по што во обид да побегне удрило во столб на бензинска пумпа. Притоа, мигрантите се здобиле со повреди констатирани од екипа на Итна медицинска помош Валандово. По целосно документирање на случајот, против лицата ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, се наведува во соопштението од МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Добро утро со Инфомакс: По патот на…

Во чест на големиот македонски револуционер, апостол…

Нови тензии во Косово: Каменуван автомобил на…

Автомобил управуван од Србинот Саша Блажиќ вечерва…

Пендаровски со честитка до српската заеднца во…

Претседателот Стево Пендаровски по повод празникот Свети…

Детали за пукањето во Косово: Србите удриле…

Полициската единица која се наоѓала на контролниот…

Добро утро со Инфомакс: Еден чоек шчо…

На денешен ден, 18 јануари 1830 година…