Двајца цариници и двајца полицајци меѓу седум уапсени за шверц на граничниот премин Ќафасан кон Албанија

На граничниот премин Ќафасан, на албанско-македонската граница кај Струга, уапсени се седум лица кои дозволиле или вршеле шверц на стока набавена во Македонија.
Притворени се двајца полициски службеници, двајца цариници и три лица жители на пограничниот град Либражд, за злоупотреба на службената положба, корупција и шверц. По добиени сознанија дека се дозволува минување на стока од македонска на албанска страна избегнувајќи ги царинските давачки, спроведената истрага која го потврдила тоа – информира албанската полиција.
Според истиот извор, истрагата покажала дека полициски службеници на споменатиот премин, во соработка со царинските службеници, во замена за поголема сума пари, фаворизирале три лица да ја преминат шверцуваната стока без спроведување на постапката за царинење.
Како материјален доказ се одземени три возила, девет мобилни телефони, одредена количина парични средства нелегално стекнати нелегално од корупција на работно место, значителна количина разновидна храна и пијалаци, како и друга стока.
Поради пониските цени на прехранбените и други производи, како и горивото, голем број албански граѓани, но и тамошни трговци од пограничните населени места, на големо вршат набавка во Дебар, Струга, Охрид и Ресен.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Беџети: Груевски може да се врати кога…
Груевски може кога сака да се врати,…
Белата куќа му порача на Киев: „Сè…
САД им дадоа на Украинците се што…
Ковачевски-Ескобар: Потребна е уште една државничка одлука…
Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар…
Во Хрватска се увезени пиперки од Македонија…
Во пиперката од Македонија откриени се остатоци…
Уште еден радовишанец уапсен за подметнување пожари
Во полициската станица Радовиш денеска е приведен…