Објавено на:

Двегодишна суша предизвикува сериозна закана од глад за над 18,4 милиони луѓе на Рогот на Африка

t

По две години суша, 18,4 милиони луѓе во областа на Рогот на Африка се соочуваат со закана од глад, покажуваат објавените податоци од Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања (OCHA).

До септември, бројот на погодени луѓе во Етиопија, Сомалија и Кенија може да се искачи на 20 милиони. Веќе 7,1 милион деца во погодените области се сметаат за неухранети, а околу два милиони тешко неухранети, покажуваат објавените бројки.

Кризата се влошува со фактот дека недостигот на вода и храна предизвика смрт на околу седум милиони животни. За номадските и полуномадските народи во овие региони, загубата на говеда, овци и кози не само што им ја одзема економската основа, туку недостигот на млеко придонесе и за неисхранетост на децата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тридневна жалост во Црна Гора

Владата на Црна Гора прогласи тридневна жалост…

Калајџиев: Јавноста му помага на Груби да…

Јавноста му помага на Груби да добие…

Без вода утре корисници од ул. „Џон…

Без вода утре од 9 часот ќе…

Миа е првото новороденче во Битола во…

Битолчанка на 25 годишна возраст на свет…

Црногорскиот премиер се огласи по масакрот и…

Премиерот на Црна Гора, Милојко Спајиќ пристигнал…