Две лица ограбиле казино во Струмица

Утринава околу 05.35 часот полициски службеници од СВР Струмица ги уапси Е.И. на возраст од 22 години од Скопје и С.А. од Струмица. Тие се сомничат дека извршиле кривично дело „разбојништво”.
„Околу 05.00 часот во казино на ул.„Балканска” во Струмица Е.И., кој бил заедно со С.А., со закана со остар предмет кон вработениот одзел пари од касата. Двете лица набрзо се пронајдени и приведени, а одземените пари се вратени на сопственикот. Лицата се задржани во полициска станица и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок“, соопштија од Министерството за внатрешни работи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Затворски полицаец од Струмица однел затвореник да…
ОВР Валандово поднесе кривична пријава против Р.М.(42)…
Струмица вечерва е најзагаден град во Европа!
Струмица вечерва е најзагаден град во Европа,…
Лукаревска од Струмица: СДСМ е сојузник на…
СДСМ е сојузник и партнер на земјоделците,…
Македонската фудбалска репрезентација ја победи Ерменија
Во пријателски натпревар одигран попладнево во Струмица,…
Хорор во струмичко: Ја натепал мајка му…
Триесет и осумгодишен струмичанец ја нападнал физички…