Објавено на:

Две од српските деца повредени во несреќата на автопат во Бугарија утре со хеликоптери ќе бидат пренесени во Србија

t

Двете српски деца кои се на лекување во софиската болница „Пирогов“ повредени во сообраќајката на автопатот „Тракија“ на 14 август, утре ќе бидат пренесени во Србија. Тоа денеска го соопшти Министерството за здравство на Бугарија.

Децата ќе бидат превезени со два хеликоптера на Србија со два тима за реанимација. Хеликоптерите ќе пристигнат од Србија на аеродромот во Софија утре изутрина и ќе слетаат на специјално определен простор.

Децата од болницата Пирогов до аеродромот ќе бидат транспортирани со амбулантни возила, придружувани од специјализирани екипи на МВР.

Децата беа повредени на 14 август откако автобус со српски регистарски табли излета од автопатот Тракија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) ИСКАНДЕРИ ПРИСТИГНАА ВО ХЕРСОНСКИОТ РЕГИОН: Русија…

Руската армија продолжува да и испорачува на…

(Видео) Хорор во Индонезија: 174 навивачи загинаа…

Најмалку 174 лица загинаа, а преку 200…

(Видео) ОПШТ ХАОС: Кристијан Голубовиќ и Емил…

По Задруговизија во Белата куќа настана општ…

Прв настап на Мелони по победата на…

Лидерката на победничката партија на изборите во…

Бугарите денеска на избори, четврт пат во…

Анкетите на јавното мислење сугерираат дека новиот…