Делегација на ВМРО-ДПМНЕ положи свежо цвеќе на вечното почивалиште на поранешниот претседател на Република Македонија, Борис Трајковски

По повод 18-годишнината од трагичната смрт на поранешниот претседател на Република Македонија Борис Трајковски, делегација на ВМРО-ДПМНЕ положи свежо цвеќе на неговото вечно почивалиште.
„Покојниот Борис Трајковски претставува една светла фигура од современата македонската историја. Тој силно веруваше во Македонија и нејзината иднина. Дома и во светот ќе остане запаметен како човек кој силно се бореше за мирот и стабилноста не само на Македонија, туку и на целиот регион. Неговата љубов кон Македонија и кон народот, но и неговите морални и професионални принципи беа и ќе останат пример за тоа како со силна волја и посветеност се премостуваат сите предизвици и се решаваат проблеми во духот на европските и демократските вредности.
Во овие тешки и мрачни времиња, визионерството на Трајковски треба да биде ѕвезда водилка во решавањето на секаков конфликт. Разумот и разбирањето се основата на дијалогот кој секогаш води до целта, а тоа е мирот и просперитетот. Борис Трајковски е симболот на овој дијалог меѓу различните луѓе, меѓу различните религии, култури и цивилизации.
Вечна да е славата на Борис Трајковски.
Вечен нека е споменот на неговото дело“, стои во нивното соопштение до јавноста.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
На територија на град Скопје изречени се…
На територија на град Скопје изречени се…
Петков: Долгорочно гледано Македонија треба да биде…
Долгорочно гледано Македонија треба да биде дел…
Г7 ги пофалија Македонија и Албанија: Имаме…
Групата седум индустриски развиени земји ги пофали…
Државјанка на Косово: Македонија не ми дава…
Фидрије Далипи, косовска државјанка која 14 години…
Османи за Шведска и Финска: Македонија ја…
Македонија ја поддржува политиката на отворени врати…