Делегација на СДСМ се сретна со Генчовска: Заштита на македонските национални интереси е приоритет

t

Партиска делегација на СДСМ, заменик претседателката Сања Лукаревска, генералниот секретар Миле Зечевиќ и секретарот за меѓународна соработка Бојан Маричиќ, денеска, во партиските простории, се сретна со министерката за надворешни работи на Република Бугарија, Теодора Генчовска којашто е во официјална посета на земјава.

Се разговараше за односите помеѓу двете земји, процесот на европска интеграција како и за состојбата во целиот регионот.

Претставниците на СДСМ на средбата јасно ја истакнаа потребата од што поскоро започнување на преговорите со Европската Унија.  Република Македонија ги има исполнето сите критериуми согласно реформските процеси, факт потврден и со одлуката на Европскиот совет.

Градење на добрососедските односи е во интерес на двете земји но и на целиот регион. Оттука, заложбите за добрососедство и пријателство мора да бидат взаемни и отворени.

Новиот геополитички момент кој што се случува во Европа по војната во Украина, проширувањето на ЕУ и приближувањето на процесите не е само политичко и економско, туку и важно безбедносно прашање за целиот регион.

Потребна е напорна работа на двете страни за изнаоѓање фер решение за сите отворени прашања меѓу Република Северна Македонија и Бугарија, врз основа на европски принципи и почитување на достоинството на двата народи.

Заштита на македонските национални интереси и градење на европска иднина за граѓаните е приоритет на СДСМ, велат од СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Костадиновска-Стојчевска: Досега од опозицијата не видовме ниту…

Досега не видовме ниту еден државнички потег…

Каевски: Референдумската иницијатива доказ за антиевропската коалиција…

Иницијативата за референдум од Левица според Дарко…

Се испофалија: Со СДСМ и Ковачевски има…

Со СДСМ и Ковачевски рекордно зголемување на…

СДСМ: Уставни судии мора да се изберат,…

Неодговорното и несовесно однесување на пратениците на…

СДСМ: Референдумот на Мицкоски е измама кон…

Иницијативата за референдум е најновата измама на…