Објавено на:

Делумно санирано оштетувањето на патот Македонска Каменица – Делчево: Можат да се движат лесни возила

t

Пуштен е сообраќајот за лесни возила на магистралата А3 од Делчево кон Македонска Каменица, каде во изминатите 24 часа се работеше на санирање на поголема пукнатина како резултат на невремето кое во четвртокот го зафати Делчево.

До целосно оспособување на патот за тешки товарни возила, како што информираа од подружницата на „Макадонија Пат“, сообраќајот за тешки товарни возила ќе се одвива преку регионалниот пат Берово – Смојмирово – Виница.

Во текот на вчерашниот ден оваа делница ја посети Костадин Ацевски, директор на претпријатието „Македонија Пат“, кој рече дека целосна санација се очекува в понеделник, потенцирајки дека граѓаните на време ќе бидат известени за секоја промена на сообраќајот на магистралата А3.

Делницата вчера ја посети и министерот за транспорт Благој Бочварски, од каде е најавено и официјална потврда за пуштањето во употреба на патот за лесни возила кои сообраќаат од Делчево кон Македонска Каменица и останатите градови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче: Актуелната власт го заборави Делчево само…

Претседателот на СДСМ Венко Филипче заедно со…

СДСМ подготвува изненадување – кандидатите за градоначалници…

Сојузот на социјалдемократите на Македонија (СДСМ) веќе…

Божествата не смеат да газат во кал:…

Мостот на влез во Делчево, кој е…

(Фото+видео) Дебакл на Тошковски во Делчево: Го…

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска…

(Фото) Велигденски оброк за сите! Локалниот младински…

Локалниот младински совет во Делчево ја спроведе…