Објавено на:

Дел од школите во Србија ќе преминат на онлајн настава, ама не поради корона, туку поради дојавите за бомби

t

За да се заврши успешно школската година и да нема прекин на наставата, дел од училиштата во Србија ќе преминат на онлајн настава. Овој пат не поради ковид туку поради дојавите за поставени бомби.

Само вчера имаше дојави за бомби во 97 основни и во неколку средни училишта во Белград поради што наставата таму не се одвиваше. Во најголемиот дел од нив, по проверката, било констатирано дека станува збор за лажни дојави.

Утрово министерот за образование Бранко Ружиќ изјави дека, поради ваквите дојави, моделот на настава ќе се приспособува односно таму каде што ситуацијата е безбедна децата ќе продолжат со настава со физичко присуство, а онаму каде што проверката не е завршена, наставата ќе се одвива на далечина.

Ако биде потребно, како што изјави министерот утрово, ќе се примени онлајн моделот за да се заврши учебната година.

Изминатиот период српските власти секојдневно се соочуваат со низа лажни дојави и за во трговски центри, а само вчера, како што информираа тамошните медиуми, освен за во училиштата, имало дојави имало и за поставени бомби на мостови, зоолошка градина, ресторани, железничка станица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Албанка “леташе орли” и провоцираше српски…

Швајцарија победи со 3-2 против Србија и…

Дачиќ: Секој предлог кој не вклучува признавање…

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица…

Ова е поинаква Русија, Србија треба да…

Амбасадорот на САД во Србија, Кристофер Хил,…

Србија ја бојкотира ЕУ: Нема да учествува…

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, ја оцени…

Продолжува драмата во српската репрезентација: Влаховиќ демантира…

Српскиот репрезентативен напаѓач Душан Влаховиќ ги демантираше…