Денеска е Мала Богородица, запалете свеќа и избегнувајте почнување на нови работи

Православните христијани во земјава денеска го слават Рождество на Пресвета Богородица, празник познат како Мала Богородица. Во сите храмови на Македонската православна црква изутринава се одржуваат литургии.
Народот верува дека Пресвета Богородица е заштитничка на мајките воопшто и на леунките посебно, поради што жените што раѓаат ја повикуваат да им помогне полесно да се породат.
Исто така, се верува дека таа им помага и на жените што немаат деца. Затоа ваквите жени оделе во црквите посветени на Богородица и се молеле пред нејзините икони.
На Мала Богородица, исто како и на Голема, според народните верувања, постојат одредени забрани. Жените не би требало да чистат низ куќата, да перат алишта и да извршуваат слични работи.
На денешен ден наводно не е добро ниту да се започнуваат никакви нови работи, туку тоа треба да се одложи за некој од наредните денови.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Maкедонија полека но сигурно ја снемува… Негативен…
Според податоците на Државниот завод за статистика,…
Полицијата заплени автомобил, со вештачење и ДНК…
Врз еден автомобил кој полицијата го заплени…
Aмериканската потпретседателка: Америка нема да дозволи раселување…
Потпретседателката на САД Камала Харис, која е…
Процесот за уставните измени не завршува на…
Седницата за уставните амандмани е отворена, дневниот…
Трамп остана без имунитет во случајот за…
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп нема имунитет…