Денеска се празнуваат Светиот маченик Кодрат Коринтски и со него

t

За време на гонењето на христијаните многумина верни се разбегаа по планините и по пештерите. Така направи и мајката на овој Кодрат. Но, токму во тоа време беше бремена, па во шумата го роди Кодрат и наскоро умре. По Божја Промисла, пазен од ангелот чувар, хранет и воден, Кодрат порасна во осаменост во дивината. Оној Кој му даваше манна од небото на Израилот во пустината, му пушташе и на младенецот Кодрат слатка роса од облаците на усните. Кога имаше дванаесет години тој слезе в град и таму едни добри луѓе го засакаа и го дадоа да учи. Тој ја изучи лекарската вештина и ги лечеше болните со природните лекови, но и уште повеќе, со молитвата на која се привикна од детството. Кога настана ново гонење под Декиј, Кодрат беше изведен на суд и фрлен во затвор. Нему му се придружија и петмина негови другари и го исповедаа името Христово. Тие беа Кипријан, Дионисиј, Анект, Павел и Крискент. Ги влечеа по улиците и незнабожците, особено нивните деца, ги биеја со стапови и камења дури не ги одвлекоа до губилиштето. Мачениците Му се помолија на Бога, па беа обезглавени. На тоа место изби извор со вода, којшто и денес го носи името Кодратов и потсетува на херојската смрт за Христа на овие шесточисленици. Пострадаа чесно за вистината во 250 година, во Коринт, во времето на царот Декиј и неговиот намесник Јасон. Потоа, на различни начини беа погубени и други христијани: другиот Дионисиј беше заклан со нож; Виктор, Викторин и Никифор (откако Тертиј стана наследник на Јасона) беа раздробени во камен толчник; Клавдиј сконча откако му беа отсечени рацете и нозете; Диодор самиот се фрли во оганот запален за да го изгорат; Серапион беше обезглавен, а Папиј беше фрлен во море.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Денеска се празнуваат Свети Еразмо Охридски и…

Свети Еразмо Охридски Овој светител беше родум…

Денеска се празнува Слегување на Светиот Дух…

Празникот Педесетница, во народот познат како Духовден,…

Верниците од исламска вероисповед го слават Курбан…

Верниците од исламска вероисповед денеска го слават…

Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…

Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…

Календар на МПЦ: Денес се празнуваат овие…

Свети Епифаниј, епископ Кипарски Роден како Евреин,…