Денеска се празнува Светиот апостол Кодрат

t

Еден од Седумдесетте. Ученик на големите апостоли. Го проповедаше Евангелието во Атина и беше епсикоп: најнапред во Атина (после свети Публиј), а потоа во градот Магнезија. Беше многу учен во светската мудрост и богат со благодатта на Светиот Дух. Неговиот животописец за него вели: „Беше како утринска ѕвезда сред облаци (Сирах 8, 6); облаците беа темното елинско незнабоштво, без светлоста на благочестието, а светиот апостол Кодрат низ словото Божјо им заблесна на Елините како голема светлина, ја осветли темнината, ги симна скверните жртви, ги разурна идолите и демонските храмови ги разори со молитва.

Но, темнината секогаш ја мрази светлината, па така и незнабошците го замразија свети Кодрат, та по ова го фрлија в затвор и не му даваа леб сè додека не ја испушти својата света душа и не се пресели во Царството на својот Бог Христос. Свети Кодрат напиша одбрана на христијанството и му ја предаде на царот Адријан. Таа одбрана толку подејствува на незнабожечкиот цар, што овој нареди христијаните да не се прогонуваат без особена вина. Свети Кодрат пострада околу 130. година. Погребан е во Магнезија, градот во кој го заврши животот маченички.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хезболах не знаел дека купува пејџери од…

Двајца поранешни припадници на Мосад за американската…

74-годишна жена од Охрид заврши во болница…

Вчера во 18.00 часот во СВР Охрид…

Озлогласениот наркобос се врати во Колумбија по…

Еден од основачите на наркокартелот Меделин се…

ВО ЛУКСЕМБУРГ Е НАЈИСПЛАТЛИВО ДА СИ ЖЕНА:…

Родовиот јаз меѓу вработените ширум Европа и…

20-годишник тешко повреден, откако со „голф“ излетал…

20-годишен возач е тешко повреден откако со…