Денеска се празнува Светиот апостол Симеон

t

Еден од седумдесетте апостоли. Син на Клеопа, којшто му беше брат на праведниот Јосиф, целомудрениот сопруг на Пресвета Богородица. Кога ги виде чудата на Господ Исус, Симеон поверува во Него како во Господ и Спасител и беше вбројан во седумдесетте апостоли. Со голема ревност и храброст го проповедаше Христовото Евангелие насекаде по Јудеја.

Кога злобните Евреи го убија Јаков, братот Господов и првиот епископ на јерусалимската Црква, тогаш овој Симеон, кој му беше роднина, го поставија за епископ во Ерусалим. Како втор епископ во Светиот Град, со голема мудрост и сила управуваше со Божјата Црква до длабока старост. Кога пострада имаше над сто години. Неговото страдање стана вака: во времето на царот Трајан беше покренато двојно гонење во Палестина – на потомците Давидови и на христијаните. Злобните луѓе го обвинија Симеон како оној којшто им припаѓа и на едните и на другите.

Свети Симеон претрпе големи маки и најпосле го распнаа на крст, како неговиот Господ Кому верно Му послужи на земјата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Костадинов ги повика политичарите на ВМРО-ДПМНЕ од…

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов ги повика…

Велибор Манев пред судот: „Сум манипулиран и…

Обвинетиот Велибор Манев, кој се товари за…

(Видео) Фирма на функционер на ВМРО-ДПМНЕ од…

Лиценца за испитен центар се издава за…

Власта бесрамно се фали со донациите на…

Левица ја оценува како крајно дрска и…

Владата најави ново задолжување од 700 милиони…

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска соопшти дека…