Денеска се празнува Светиот пророк Софониј

t

Родум од гората Саварат, од племето Симеоново. Живееше и пророкуваше во 7 век пред Христа, за време на благочестивиот цар Јосија. Современик на Пророкот Јеремија. Имајќи голема смерност и чист ум воздигнат кон Бога, се удостои со проѕирање во иднината. Го прорече денот на гневот Божји; казната над Газа, Аскалон, Азот, Акарон, Ниневејија, Јерусалим, Египет. Јерусалим го виде како „град одметнички, осквернет, насилнички, во кого кнезовите се лавови што рикаат; судиите му се волци вечерни; пророците – фалбаџии, измамници; свештениците ја сквернат светоста, го изопачуваат законот“ (гл. 3). Кога го проѕре времето на доаѓањето на Месијата, восхитено воскликна: „Пеј ќерко Сионска; ликувај Израиле; радувај се и весели се со сето срце, ќерко јерусалимска!“ Овој тајновидец се упокои во местото на своето раѓање, за да го чека општото воскресение и наградата од Бога.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Денеска се празнува Светиот свештеномаченик Теодот

Епископ Киринејски, на островот Кипар. Заради неговата…

Денеска се празнува Свети Тарасиј, патријарх Цариградски

Неговиот претходник, патријархот Павле, тајно го напушти…

Денеска се празнува Наоѓање на главата на…

Великиот и славен Крстител Јован беше убиен…

Денеска се празнуваат многубројните маченици во Евгениjа…

Во времето на царот Аркадиј беа откопани…

Денеска се празнува Преподобен Тимотеј

Пустиник на местото наречено Символи, на азискиот…