Објавено на:

Денеска се празнува: Слегување на Светиот Дух на апостолите – Духовден

t

Празникот Педесетница, во народот познат како Духовден, е посветен на настанот на слегувањето на Светиот Дух врз апостолите, на педесеттиот ден по Воскресението Христово, односно на десеттиот ден по Вознесението Христово.

За време на Својот земен живот, Спасителот повеќе пати им говорел на Своите ученици за доаѓањето на Утешителот, Духот на вистината, Којшто ќе го разобличи светот заради гревовите на луѓето, Којшто ќе ги научи апостолите на благодатниот пат на вистината и правдата и Кој ќе го прослави Христа.

Пред самото Свое Вознесение, Исус го повторил Своето ветување за праќањето на Утешителот: „Ќе примите сила кога на вас ќе слезе Светиот Дух“. После тие Негови зборови, учениците пребивале заедно и во молитва во исчекување на остварувањето на ова ветување Христово.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Скопјенец загина на патот Маврови Анови –…

Шеесет и седум годишниот скопјанец Љ.Ј. го…

(Видео) Пендаровски исвиркан на ракомет во Струга

Претседателот Стево Пендаоровски присуствуваше на ракометниот турнир…

Во САД дистрибуирани 1.8 милиони вакцини против…

Како што јави С-Ен-Ен, ова вклучува и…

Рекорден број Французи дале отказ во потрага…

Работници во Франција ги напуштија своите работни…

Во Македонија има непишана забрана за критика…

Професорката Мирјана Најчевска ја коментира актуелната политичко-обвинителската…