Денес се празнува: Пренос на моштите на светиот великомаченик Теодор Стратилат

t

Се празнува на 8 февруари и под тој датум е опишано житието на овој светител. На 8 јуни се празнува преносот на неговите мошти од Ираклија во Евхаита, зашто свети Теодор му заветуваше на својот слуга Вар кога страдаше: „Телото мое положи го во Евхаита, на имотот на моите претци.“

Свети Атанасиј Синајски запиша едно чудо од иконата на свети Теодор. Во местото Карсата близу Дамаск имаше една црква посветена на свети Теодор Стратилат. Кога Сарацените го покорија Дамаск, една група Сарацени со жените и децата се населија во таа црква. На ѕидот имаше фреска со ликот на свети Теодор. Еден од Сарацените зеде стрела и со неа го удри лицето од ликот на светителот. Одеднаш од лицето потече крв.


А наскоро потоа сите Сарацени од оваа група изумреа во црквата. Свети Атанасиј вели дека самиот лично бил во таа црква и го видел ликот на светителот со траги од засирена крв.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најмалку тројца полицајци повредени во демонстрациите, оштетено…

Тројца полицајци се повредени, а едно полициско…

Апасиев: После уфрлените провокатори со фантомки, СДС…

,,После уфрлените провокатори со фантомки, СДС удри…

Украинец од Харков уапсен во хотел во…

На 05.07.2022 година во 01 часот во…

(Видео) Се вжештува атмосферата пред Влада

Се вжештува атмосферата пред Владата. Иако во…

Познат е новиот ковид биланс, бројот на…

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје,…