Денес се празнува Светиот апостол Петар

t

Овој ден се споменува заради веригите во коишто свети Петар беше окован од беззакониот Ирод и кои при појавата на ангелот во затворот паднаа од него (Дела 12, 7).

Овие вериги христијаните ги чуваа колку заради споменот на великиот апостол, толку и заради нивната исцелителна моќ, зашто мнозина болни се исцелуваа допирајќи се до нив (како од ризата на апостолот Павле; Дела 19, 12).

Јерусалимскиот патријарх, свети Јувеналиј, овие вериги ѝ ги даде на царицата Евдокија, прогонетата жена на царот Теодосиј Помладиот, а таа ги преполови и едната половина ѝ ја испрати на црквата на Светите апостоли во Цариград, а другата на својата ќерка, царицата Евдоксија, жената на Валентијан во Рим.

Евдоксија му изгради црква на свети апостол Петар и во неа ги положи овие вериги заедно со оние во коишто апостолот беше окован пред да најде смрт од царот Нерон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Денес се празнува Светиот апостол Петар

Овој ден се споменува заради веригите во…

Денес се празнува Свети Сава, архиепископ српски

Син на српскиот жупан Стефан Немања, се…

Денес се празнуваат Светите маченици Ермил и…

Царот Ликиниј покрена луто гонење на христијаните.…

Денес се празнува Свети Григориј, епископ Ниски

Брат на светиот Василиј Велики. Најпрво беше…

Денес се празнува Светиот маченик Полиевкт

Градот Мелитина Ерменска е многу натопен со…