Објавено на:

Денес сончево со минусни температури, врнежи од снег во делови од земјата

t

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, многу студено и ветровито. Попладне облачноста ќе се зголеми, а во планинските подрачја и во североисточните делови ќе има локален слаб снег. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -4, а максималната ќе достигне од -4 до 4 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност, многу студено и ветровито. Попладне облачноста повремено ќе се зголемува. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -9, а максималната ќе достигне 2 степени.

Во следните денови времето ќе биде многу студено и ветровито со умерен до засилен северозападен ветер. Утринските температури на многу места ќе се спуштаат околу -10 степени, а дневните ќе бидат околу и под нулата. Поради ниските температури се очекува појава на голомразица. Повремено ќе има зголемување на облачноста со услови за провејување на слаб снег, претежно во планинските подрачја.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

По повеќе од една деценија падна снег…

Во Јужна Африка падна снег првпат од…

(Видео) По рекордно високите температури и сушата,…

По неколкумесечната тешка суша и рекордно високите…

Возете внимателно: Одрони и снег на одредени…

Обилните врнежи од дожд на патните правци…

Македонија под снежна покривка: Еве каде моментално…

Утрово Македонија е речиси под снег. На…

(Фото) Април како јануари: Непрекинато вее снег…

Во Маврово во моментов има вистинска снежна…